(ВИДЕО) Нетребало многу време за да се постави бомба! Еве го мажот кој постави експлозив пред џамијата во Дрезден

од desk3
72 прегледи

1475326439-sistemen-bufer-2

Полицијата во германскиот град Дрезден објави видео, кое го прикажува наводниот момент на поставување на експлозивна направа пред Фатих-џамијата на 26 септември. На објавените кадри се гледа маж кој мирно се шетаат по улица. Тој е облечен во сина јакна и фармерки во иста боја, а на главата има шлем за мотоциклисти. Во еден момент тој вади нешто од џебот и немарно го фрла на земјата, по што го забрзува чекорот и се одалечува.След некое време избувнува и експлозијата.

https://youtu.be/34p2RFkDt6o

Сеуште не е јасно дали истиот човек ја поставили бомбата пред Меѓународниот конгресен центар, или имал соучесник.

Полицијата се обраќа со молба до локалните жители да помогнат при идентификацијата на мажот од клипот или да соопштат факти, кои ќе бидат корисни за истрагата.

Како што локално.мк соопшти две експлозии, насочени против џамија и Меѓународниот конгресен центар, го потресоа германскиот град Дрезден на 26 септември. Нападите изостанаа без повредени. За време на експлозијата во џамијата бил само имамот со сопругата и нивните две деца.