Рита Ора докажува дека ja сака провокацијата со уште едно разголување за фотосесија.
Овој пат британската поп ѕвезда со албански корени покажува што поседува во серија од снимки во кои носи чипкани градници.
Всушност Рита позира со новите модели од линијата за долна облека Tezenis. Секси кадрите се за новиот број на италијанското издание на магазинот Vanity Fair.
25-годишната Ора е лице / тело на предметниот италијански бренд и како што се гледа е доста погодна за улогата на еротски модел.
Родената во Косово поп-ѕвезда се докажува со завидни облини, додека позира заводливо пред објективот на фотографот.
Видете ги сликите на Рита за сесијата во галеријата.