3 идеи за есенска декорација во домот

од Vladimir Zorba
509 прегледи

По топлото лето исполнето со пријатни спомени, време е да ја поканиме во домот и есента , поставувајќи тематска декорација. Паднатите лисја, суви гранчиња и тикви, сите тие можат да бидат претворени во нешто навистина убаво што ќе донесе повеќе топлина и комфорт во домот.1696d0c1845b193fc63893aec4d96094

Започнуваме од свеќниците, затоа што сакаме да палиме миризливи свеќи во текот на целата година и особено во есен.

За оваа идеја ќе ви требаат квадратни свеќници, кои може да се купат од било која продавница за декорација на домот. Соберете малку есенски лисја и со помош на коноп заврзете ги за свеќниците. Завршете ги декорациите поставувајќи во свеќниците по една свеќа.e60461dae1760b4d05ef8f673808eeba

Во сезоната на мушмули и ореви нема како да не додадеме и од овие две суперхрани во својот дом, било да е тоа и како декорација. За таа цел ќе ви требаат 3-4 празни лушпи од ореви , добро измиени и исчистени и неколку мали свеќички.248ba8c56631682bca77766a7c8f8b01
Во сад одмрзнете ги свеќичките и зачувајте им ги фитилите. Ставете ги во школките и додека восокот е уште топол сипете го во секоја од нив. По околу еден час ќе имате нови свеќи. Ставете во сад неколку ореви и мушмули, а врз нив ставете ги свеќичките.e3a07caac819a0fda3fc12ecd6cd0826

Златното и бронзата исто се бои кои ги поврзуваме со есента. Купете златен, сребрен, бронзен или спреј со брокати. Испрскајте неколку листови и оставете ги да се исушат.

Тогаш ќе се претворат во неверојатно убава декорација, која може да се стави на масата околу свеќниците пример, да направите како венци на долга конопна врвца или за повеќе комфорт да декорирате во кујната при купот со плодовите, а зошто не и да ги залепите на влезната врата .