Втора голема вест од Шведска за последната година: откако земјата стави крај на културата на гостопримство спрема бегалците, сега таа ја враќа задолжителната воена служба – за мажите и за жените. Зошто? Коментар на ФАЦ.

По осум години пауза Шведска имa намера повторно да воведе задолжителниот воен рок. Ова е втора голема вест од Стокхолм за последната година. Откако пред време Шведска изненадувачки прекина со земање на бегалци и мигранти, со кој беше ставен крај на културата на гостопримство и загуби изградениот статус на голема морална сила, сега Владата го потсетува населението, а и на другите европски држави дека армијата не е едноставен работодавач како сите останати.
Бидејќи недостатокот на специјалисти се чувствува и во армијата, Стокхолм има намера да се врати на “стабилното бирање на кадри” – како мажи и жени. Годишно во војска недостигаат околу 2.000 доброволци. И ако тоа не се промени, одбранбената способност на земјата наскоро ќе достигне положба, каква што нема од памтивек. Неутрална Шведска неизбежно би требало да стане членка на НАТО, ако сака да добива заштита против Русија. А тоа треба да даде повод за размислување и на другите земји-членки на НАТО, кои исто откажаа задолжителната воена служба.
www.faz.net