Орбан очекува бегалски референдуми и во други земји од ЕУ

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Ако ЕУ е демократско општество, таа мора да ја  прифати одлуката на Унгарците.

ornab
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека очекува и други земји од ЕУ да го следат унгарскиот референдум за бегалските квоти.,  изјави тој  по гласањето денес на референдумот. “Се гордееме што станавме први по ова прашање”, истакна Виктор Орбан, цитиран од агенција МТИ. Тој не ја исклучи можноста за измени во Уставот, но за него ова прашање е од второстепено значење во преговорите со Брисел. Според него преговорите ќе бидат насочени првенствено кон тоа “Унгарија да не биде обврзана да населува  луѓе, чие доаѓање ние не го сакаме”, и правото за донесување на таква одлука да имаат властите на државата. “Ако ЕУ е демократско општество, тоа  мора да ја  прифати одлуката на Унгарците”, категоричен е Виктор Орбан. / ТАСС