Таа има репутација за нападни модни стилски моменти, меѓутоа Ријана ја покажа нејзината помека страна во саботата навечер во уште едно необично издание за време на модната недела во Париз.
28-годишната “R&B” пејачка ги сврте сите глави во огромна розева ватирана јакна која што потсетуваше на шеќерна волна кога пристигна на приватната забава организирана од познатиот американски дизајнер “Marc Jacobs”.
Ријана ја искомбинара нејзината чудна јакна со обична бела маичка и розеви чевли со високи потпетици. Таа излезе во Париз, откако ја презентираше нејзината “Fenty x Puma SS17” колекција на модната недела во средата.
Пејачката неодамна ко-дизајнираше колекции и за брендовите “Stance”, “Manolo Blahnik” и “Christian Dior”.