Софија Ричи дефинитивно не се чувствуваше срамежливо во саботата вечер. 18-годишната убавица беше забележана кога се упати кон, најпознатото место за излегување помеѓу славните личности во западен Холивуд, “The Nice Guy” во исклучително смела облека.
Таа ја сврте секоја глава во проѕирен црн топ со долги ракави откако одлучила да не облече градник. Неколку стратегиски сошиени налепници беа единственото нешто што го криеше делот од нејзината интима.
Нејзините црни широки панталони, беа отворени од страните, па така можеше да се види и нејзината долна облека, ако воопште носеше некаква.
Ќерката на познатиот пејач Лајонел Ричи, уживаше поминувајќи го времето со нејзиното друштво откако неодамна се раздели од Џастин Бибер.