Во интервју за емисијата „360 степени“, специјалната обвинителка зборува за сериозните опструкции од личности во државните институции кои го оневозможуваат нормалното функционирање на СЈО. Сепак, таа посочува дека тоа не го обеспокојува тимот обвинители кои имаат задача да истражат сериозни облици на криминал, изразувајќи го својот оптимизиам дека иако е спора, на крајот правдата ќе биде таа што ќе ја однесе победата.

Погледнете го целото интервју на Васко Попетревски со специјалната обвинителка Катица Јанева во „360 степени“ на Алсат-М Телевизија.