Ограбена куќа, заскитан куршум, пронајдена граната, изгубен пиштол, пожар, сообраќајки,

од desk3
87 прегледи

tetovo-policija-jpg

На 01.10.2016 година во 18.00 часот во ПК-Жупа, Б.Н.(1987) од с.Горенци – Дебар пријавил дека во периодот од 15 до 30.09.2016 година во неговата куќа, непознат сторител насилно влегол, извршил пребарување по собите од каде одзел 2200 евра, златен накит, кожна футрола за пиштол, 200 куршуми калибар 9мм, ловџиски ременик со 25 патрони и дрон – детска играчка со далечински управувач. Увид на лице место извршила екипа од НККР-Дебар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 03.10.2016 година во 22.20 часот во ПСОН-Гостивар, Н.А.(1957) од Гостивар, пријавил оштетување на неговото ПМВ„Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, од заскитан проектил од огнено оружје – пиштол со непознат калибар. ПМВ било паркирано на тротоар пред неговата куќа, а имало оштетување (нагмечување) на лимот од кровот над задната лева врата, додека проектилот се одбил и бил пронајден на тротоарот пред возилото. Увид на лице место извршила екипа од НККР-Гостивар, проектилот е подигнат и ќе биде доставен за вештачење. ПС ОН-Гостивар презема мерки за расчистување на случајот.
На 03.10.2016 година во 09.15 часот во атарот на с.Видовиште О.Зрновци во речното корито на Видовишка река, при изведување на градежни работи, пронајдена била оксидирана неексплодирана минофрлачка граната од 82мм, која потекнува од Втора Светска Војна. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Кочани и стручно лице од ДЗС-Кочани. Истата е подигната од стручно лице од ДЗС.
На 29.09.2016 година во ПС-Кичево, С.Н.(1947) од Кичево пријавил дека изгубен му е пиштол марка„Црвена Застава“ кал.9 мм кој го поседувал со Дозвола за оружје.
Во врска со настан „Пожар“ опишан во Билтен бр.277 од 02/03.10.2016 година, истиот е локализиран на 03.10.2016 година околу 15.00 часот од екипа на ТППЕ-Делчево и ЈПШС-Голак. Опожарено е околу 30-40 хектари борова шума. Увид на лице место ќе се врши на 04.10.2016 година.

На 03.102.2016 година во 20.10 часот на регионалниот пат Пехчево-Делчево, на м.в.Манчово поле атар на с.Тработивиште, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ„Тојота Корола“ со бугарска регистарска ознака управувано од П.И.(1971) од Делчево удрило во пешакот И.Н.(1972) од с.Тработивиште, кој од здобиените повреди починал на лице место. Смрт е констатирана од страна на доктор од ИМП. Увид на лице место извршиле ОЈО и увидна екипа од СВР-Штип. Во 22.05 часот сообраќајот е нормализиран.
На 03.10.2016 година во 13.40 часот во Виница на раскрсницата од ул.„Ангел Винички“ и ул.„Ванчо Китанов“ во близина на Виничка река, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ„Мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.А.(1985) од Виница удрило во пешакот И.С.(1984) од Виница. Во незгодата со ТТП се здобила И.С. на која и била укажана лекарска помош во КЦ-Штип, по што била упатена во УЦ-Скопје. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Виница.
На 03.10.2016 година во 19.00 часот на регионалниот пат Кавадарци – Неготино кај м.вАнтената, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Форд Ескорт“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.А. (1964) од Кавадарци и Трактор „ИМТ 533“ со приколка, без регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(1996) од с.Марена. Во незгодата со ТТП (скршеница на карлица) се здобил Љ.К., на истиот му е укажана лекарска помош во ЈЗУ-Неготино, по што бил препратен во МЦ-Велес каде е задржан на лекување. Увид на лице место извршила екипа од ПС ОН-Неготино. Сообраќајот бил во прекин до 22.15 часот.

Слични содржини