Состојки:
300 г путер од кикирики
300 г (или малку повеќе, ако сакате да ви е послатко) чоколадо, може да е млечно, природно, може да користите и чоколаден чипс за готвење
Подготовка:
Во сад истурете путер од кикирики и загрејте го на топлина (на тивок оган). Потоа додадете го кон него чоколадото, кое треба да биде претходно искршено. Мешајте додека не се стопи и се добие хомогена смеса.
Во правоаголна или кружна тава ставете алуминиумска фолија, со тоа што ќе оставите краевите малку да се прикажуваат над рабовите на тавата (така потоа ќе ви биде полесно да го извадите чоколадото).
Преливајте со чоколадната смеса и еднаш-два пати допрете го благо садот на кујнската површина, за да се распредели рамномерно. Потоа ставете го во фрижидер за околу 4-5 часа. Кога чоколадото е стегнато, може да го извадите од форма и да се отстрани фолијата. Исечете го десертот на блокови и сервирајте.