Последните настани во Сирија укажуваат на можноста за постигнување договор меѓу Турција и Русија, како последица на промена на приоритетите на Анкара. Турската офанзива против Исламската држава на територијата на Сирија од крајот на август оваа година не наиде на отпор ниту од Русија, ниту од сирискиот режим, освен вербални осудувања. Офанзивата беше претходен развој на односите меѓу Турција и Русија.

На ист начин немаше зголемување на поддршката од Турција за бунтовничките групи на терен, и покрај невидените воздушни напади во Алепо, извршени од сириската и руската авијација. Иако сеуште нема посериозни детали, гласините за нов договор меѓу Москва и Анкара стануваат видливи. Овој договор ќе и овозможи на турската армија да ги нападне курдските позиции во Северна Сирија во замена за намалување на поддршката за бунтовнички групи, кои се борат со про-Асад силите во Алепо.
Во либанското издание “Ас Сафир”, кој поддржува линија за поддршка на владата во Сирија, излезе публикација која содржи некои детали во врска со постигнатиот договор меѓу Русија и Турција, чие исполнување ќе го одврати создавањето на сириска курдска автономија по должината на границата со Турција. Во рамките на договорот режимот во Сирија исто така се обврзува да престане со поддршката за борбени единици од Курдската работничка партија (ПКК), ма која Анкара гледа како на терористичка организација. Во замена Турција ќе престане со поддршката за бунтовнички сили, кои се борат со Асад во Алепо – втор по големина град во Сирија – и ќе се согласи со предлозите на Русија за оценување на одделни бунтовнички фракции како терористички.
Според протекчени информации договорот е постигнат по серијата средби меѓу официјални лица, одговорни за безбедноста од Русија, Сирија, Ирак, Иран и Турција. Се очекуваат уште средби во Дамаск, Москва и најверојатно Истанбул, на кои ќе се финализираат деталите и параметрите на договорот. Дамаск е особено заинтригиран од извршувањето на ваква зделка, бидејќи ги смета Курдите за опасност за територијалниот интегритет на Сирија. Иран, исто така гледа на Курдите како на опасност, уште повеќе по продолжувањето на воените дејствија во северозападен Иран меѓу силите за безбедност и локалниот огранок на ПКК. Претходно во Кувајтското издание “Ал Рај” беше соопштено дека Турција изразила желба да соработува со меѓународните сили, за да ги заштити бунтовничките групи од спојување со формации како Џабхат Фатах ал Шам.
Овие вести покажуваат дека има постигнати договори зад сцената меѓу Русија и Турција. Тие го потврдуваат исто фактот дека инволвираните сириски бунтовнички групи во турската офанзива не се предмет на руски или сириски воздушни напади, иако јавните дефиниции на овие формации се “терористички”.
Сето тоа се спојува и со последните изјави на турскиот премиер Бинали Јилдирим, според кого Башар Асад може да биде партнер во “преодна фаза”. Тоа е обратна турската насока во однос на Сирија од 2011 година, кога избувнаа првите масовни протести против Башар Асад. Извори од бунтовничките фракции во Алепо потврдуваат дека немаат засилувања на вооружувањата, и покрај масовните напади на руската авијација, сириската армија и про-Асад милициите. Коментирајќи ја последната ескалација, турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави само дека “странските сили треба да ги продолжат дискусиите”.
Ако ја додадеме тишината на Анкара во врска со ударот на хуманитарен конвој, докажан како воздушен напад и од податоците на американски сателит, станува уште појасно дека гледаме промена во тонот кон сирискиот режим и присуството на руски војници во Сирија. Западни извори исто ги потврдија гласините за постоење на веројатнен деоговор која вклучува повлекување на турска поддршка за бунтовниците во Сирија за сметка на можноста да се блокира курдска автономија во Северна Сирија.
Веројатно деталите од овој договор ќе излезат наскоро. За да е успешен, сите земји знаат дека тој треба да остане таен што е можно подолго. Дали учесничките ќе успеат да се договорат за параметрите ќе се разбере наскоро. Сепак доколку договорот влезе во сила, сигурно ќе се зголемат тензиите во сирискиот конфликт. Веќе имаме сериозен нов бран раселени цивили и бегалци, се зајакнуваат крајните групи за сметка на бунтовничките фракции и уште нешто – поголеми видливи тензии меѓу арапските и курдските сили.
Курдите се народ поделен во земјите Турција, Сирија, Ирак и Иран. Досега во сите војни барале своја држава но никогаш не ја добиле. Бројат околу 70 милиони населени во сите држави.