(ВИДЕО) Истражување: 50% од невработените чекаат работа повеќе од пет години

од Vladimir Zorba
76 прегледи
144566
Половина од невработените чекаат работа повеќе од пет години, а потоа се откажуваат, покажува истражувањето на Неусогласеност на (не)вработеноста на пазарот на труд во Македонија од аспект на знаења и вештини, информира 24Вести.
На удар се младите од 25 – 34 години, посебно дипломираните.  Продуцираме дипломи, а странските инвеститори бараат нискоквалификувана работна сила, затоа ни се потребни системски решенија, подобрување на вештините препорачуваат дел од економистите.
Светска банка во последниот извештај  нотира дека проблем е што се помалку луѓе бараат работа, а како една од причините се посочува и одселувањето. Економистите велат дека во состојба кога растот забавува, индустриското производство стагнира, дупката во пензискиот фонд се продлабочува, невработеноста статистички се намалува.
Целиот текст може да го прочитате тука