Преговорите за продажба на Twitter ќе завршат уште овој месец, пренесе агенцијата Reuters, повикувајќи се на свои извори. Twitter соопштил на своите потенцијални купувачи дека планира да ги заврши преговорите до 27 октомври, кога ќе биде претставен финансискиот извештај на компанијата за третиот квартал.

Меѓу можните купувачи на услугата за микроблогови се споменуваат компанијата Salesforce, која работи на програми обезбедување, конгломератот Disney и корпорацијата Alphabet кој го поседува интернет пребарувачот Google.. Претходно се зборуваше дека Microsoft и Apple исто пројавуваат интерес кон Twitter. Прашањето за продажба на социјалната мрежа бил разгледан минатиот месец на седница на одборот на директори на компанијата, кои се незадоволни што нема позитивни финансиски резултати.