Декорација на домот и градината со тикви

од Vladimir Zorba
1,2K прегледи

Во сезоната на тиквите нема како да не го искористиме нивниот вкус. Но, од овој прекрасен есенски плод настанува и убава декорација за вашиот дом или градина. Денес споделуваме неколку идеи кои ќе ви покажат како да украсите низ домот со тиква.a50a065d5a3c62621a35c69150c0b1e4

Свеќите секогаш додаваат една топлина во домот. Купете мали свеќички по можност со мирис, како и неколку мали тикви од различни сорти. Исечете ги со нож дршките како капаци и врежете помалку од внатрешноста. Ставете ги свеќичките и запалете. Веќе имате семки свеќници.09e27f4d8d2b388530cbd50670be5b69

Покрај свеќи, сакаме во нашиот дом да има и свежо цвеќе. Зошто не си направите вазни или икебана од тикви. Земете една поголема или неколку мали тикви. Отсечете ги повторно дршките како капаци и со отсекување оформете пофин тркалезен отвор. Потоа врежене околу 5-6 см или повеќе од внатрешноста.
Ставете тркалезен сунѓер за икебана или мала празна конзерва. Натопете го сунѓерот или наполнете ја конзервата со вода и ставете ги цвеќињата.aba4e1f94bc835169c1076335655d96d

Винтиџ свеќниците се убави и сакаме да ни красат во градината, на тераса или некаде во домот. Соберете малку конусни, суви есенски лисја. Ставете ги во свеќници и конечно ставете ги тиквите.

Со тиква може и да ги “облечете” досадните пластични саксии . Ќе ви биде потребна поголема тиква, па садот да се собере во неа, кога ќе се издлаби внатрешноста. Потоа ставете го во неа садот и декорирајте на посакуваното место. Оваа идеја е убава, но премногу чуствителна.8c537f1af8abaff7eace7ceda02a19b9
Не заборавајте дека од внатрешноста на тиквата може да направите прекрасни десерти.