(ГАЛЕРИЈА) Актерката Мег Рајан го покажа неверојатниот стан во Сохо

од desk2
79 прегледи

Мег Рајан го покажува зашемeтувачки-добриот стан во Сохо, Њујорк, специјално за новиот број на списанието “Architectural Digest”.

54-годишната холивудска ѕвезда живее во пространа таванска просторија, украсена и декорирана од самата актерка, заедно со нејзината посвоена ќерка од Кина, 11-годишната Дејзи. Таа исто така има и 24-годишен син Џек, со нејзиниот поранешен сопруг Денис Куад.

Таа раскажува за списанието дека се заљубила во станот, бидејќи претходно бил користен како фотостудио и во целина имал силна филмска акустика и зрачење.

Мег вели дека обожава да се занимава со внатрешен дизајн и редовно ги реновира своите имоти. Таа вели: “Го сакам обновувањето и декорирањето. Мислам дека тоа е поврзано со мојот живот како актер. Ова е шанса за мене да ја покажам мојата визија за светот. ”

За да го видите домот на Мег погледнете во галеријата подолу!