(ВИДЕО) Миленко молчеше цела емисија во знак на протест кон АВМУ и амбасадите

од Vladimir Zorba
123 прегледи

milenko

По Латас, и Миленко Неделковски јавно протестираше против Ад хок телото и АВМУ поради тоа што тие започнаа да го применуваат законот и да изрекуваат казни за телевизиите кои со години известуваат со наклонетост кон власта и демонизирање на опозицијата.

Миленко во знак на протест молчеше 20 минути, во текот на вчерашното издание на неговата емисија на Канал 5 телевизија.

„Емисијата од синојка.
Избалансирана, коректна, аргументирана, содржајна со неучество на повеќемина соќутници.
Да живее Ад хок телото, да живее ААВМУ, да живеат амбасадите… Патуваме кон светлата иднина“, напиша Миленко на Фејсбук.