Двајца полицајци се убиени и еден е повреден во пукање во Палм Спрингс

од desk3
69 прегледи

1475984510-11111111

Двајца полицајци во Палм Спрингс биле застрелани при обид да им разрешат семеен спор, откако мажот со кого зборувале мирно изненадувачки извадил оружје и почнал да пука во нив, рече началникот на полицијата за новинарите пренесе CBS News. Друг полицаец е повреден. Напаѓачот не е уапсен. “Тоа беше обична семејна расправија и тој одбра да отвори оган врз чуварите на градот”, изјави полициски началник Брајан Рис со треперелив глас пред новинарите.