Астрологијата до некаде може да открие нешто за вашата природна сила, колку поседувате храброст и вештина да ги контролирате другите, имате ли желба да заповедувате, можете ли лесно да ја заработите почитта на луѓето и т. н.
Сето ова може да покаже дали имате вродена природна моќ и вештина да бидете лидер или сте повеќе следбеник – човек кој оди во согласност со правилата и следи некоја насока, веќе поставена од другите.
Откако ќе добиете категоричен одговор на прашањето дали сте лидер или следбеник, ќе можете и правилно да се насочите на професионален план.
Овен
Првиот знак во зодијакот – овен, е роден лидер. Овие своеволни, решителни и енергични луѓе знаат што сакаат и како да го добијат тоа, никако не прифаќаат “не” за одговор. Тие природно бараат внимание од другите и немаат ништо против конкуренцијата. Дури сакаат преку неа да ја докажуваат својата издржливост. Тие се храбри и доста автономни, но лесно се лутат. Имаат добри комуникациски вештини, но имаат тенденција да започнат многу проекти истовремено и да не успеат сите да ги завршат. Тие имаат потреба од тим од верни луѓе кои можат да им ги реализираат најхрабрите идеи.
Бик
Овие луѓе можат и да ги водат и да ги следат луѓето. Тие би можеле да имаат улога на лидери, но повеќе во креативни средини. Тие имаат големи амбиции, внимателни се и темелни се во се што преземаат. Покрај тоа, тие се добри тимски играчи, иако не можат да работат добро под голем притисок, создаден од премногу авторитативен шеф. Тие поседуваат силен морал, кој го насочува нивното однесување и нивните одлуки. Биковите обично се добар пример за другите луѓе(вработени).
Близнаци
Овие луѓе се повеќе следбеници, бидејќи се доста флексибилни и имаат тенденција да се разбираат со сите, дури и со најтешките карактери. Тие се многу интелигентни и секогаш имаат повеќе од една добра идеја во умот. Поради сите овие причини, тие овозможуваат одлична поддршка на шефот на тимот. Покрај тоа, тие се забавни и сите нивни колеги ги обожаваат. Многу од овие квалитети се добри и за водечката позиција, но близнаците често се премногу уникатни и разновидни, за да можат да создадат цврста структура во себе.
Рак
Овие емотивни луѓе се природни лидери и тоа доста сигурни. Тие имаат потреба од поддршка на блиски луѓе и можат да постигнат речиси сè на професионален план. Тие се квалитетни и грижливи раководители, кои одат рака под рака како со подредените, така и со луѓето над себе во хиерархијата. Претставниците на знакот рак едноставно знаат како да управуваат и да ги мотивираат останатите, да им даваат добар пример и да им покажуваат јасно што е правилно, а што – погрешно.
Лав
Овие луѓе имаат вродена харизма која лесно ги претвора во лидери. Тие се работливи и знаат што сакаат. Освен тоа имаат шесто сетило за тоа како работите треба да се случуваат правилно. Лавовите лесно наоѓаат пријатели и следбеници кои се среќни да работат за нив. Тие се дарежливи директори, кои умеат да ги убедуваат другите преку својот шарм. Лавовите поседуваат внатрешна сила и одлучност и се чувствуваат поудобно во позиција која им дава моќ.
Девица
Тоа е хороскопски знак кој сака да им прави услуги на другите. Овие луѓе се следбеници по природа, бидејќи се сочувствителни и внимателни и се чувствуваат најдобро кога работат несебично за некој што го сакаат и почитуваат. Тие имаат силно чувство на должност, не се плашат од напорната работа и се подготвени на се, за она во што веруваат. Тие се скромни и практични луѓе кои често имаат многу добри идеи. Тие се одлични вработени, бидејќи имаат високи стандарди, сигурни се и вредни.
Вага
На многу начини вагите спаѓаат повеќе во лидери. Тие знаат како да го искористат својот шарм и стил, за да ги привлечат луѓето кон себе. Тие се полни со креативни идеи и позитивна енергија. Покрај тоа, нивната добрина и правда ги прави одлични менаџери. Лошото кај нив е дека се доста нерешителени. Вистината е дека тие имаат тенденција да работат најдобро во партнерство. Кога ќе дојде време за играта на “добар и лош полицаец” со партнерот, тие обично доаѓаат во улогата на доброто, бидејќи имаат благ карактер.
Скорпија
Овие луѓе се одлични лидери, бидејќи секогаш знаат што сакаат и имаат план за тоа како работите да се случуваат. Тие работат добро и сами. Понекогаш е тешко да се работи под раководство на скорпија, бидејќи тие се многу моќни, но се супер издржливи и способни. Луѓето од овој хороскопски знак можат да бидат и добри следбеници на некој друг, само под услов тој да им дава автономија и целосно да им верува.
Стрелец
Овие луѓе се повеќе лидери, но пак се со толку слободен дух, што етикетите не им одговараат воопшто. Тие преферираат да се издвојуваат од другите, но сепак тие да бидат луѓето кои ќе ја преземат одговорноста. Стрелците не трпат ограничувања и имаат тенденција да ги игнорираат лажните хиерархии и структури околу себе. Тие се уникатни луѓе, но гледаат на сите како еднакви на себе и лесно се адаптираат на промените, транзициите и новите услови. Тие можат да бидат и одлични членови на секој тим, под услов во тимот да имаат пријатели.
Јарец
Овие сериозни и прагматични луѓе стануваат добри лидери и дефинитивно можат да го предводат тимот. На многу начини тие се искусни големи воени умови, кои ја заработуваат почитта на другите со напорна работа и искуство и со силното чувство за етика и посветеност кон целта. Јарците немаат ништо против и да бидат следбеници, бидејќи сакаат да следат правила и упатства, под услов да ги почитуваат оние луѓе што се над нив. Сепак тие се стремат да се најдобри во она што го прават и токму тоа ги турка нагоре и напред во кариерата.
Водолија
Овие луѓе маршираат по свој сопствен ритам. За нив најпогодни се професии во кои нема шефови и подредени. Сепак тие можат да бидат добри лидери во дадена креативна хиерархија, бидејќи се иноватори по природа. Тие ќе им даваат многу слобода на подредените и ќе ги мотивираат со доста необични методи. Луѓето од овој знак можат да бидат и добри следбеници, бидејќи умеат да комуницираат доста добро со другите.
Риби
На овие луѓе им недостасуваат многу од квалитетите на најдобриот лидер. Тие не се конкурентни и ретко чувствуваат потреба да се докажуваат. Тие не ја сакаат власта и ретко се заинтересирани за неа. Тие можат да бидат совршени следбеници, бидејќи се доста приспособливи и умеат да им даваат емоционална и духовна поддршка на другите. Од друга страна, тие се премногу добри и често расеани и отстапуваат од нивниот пат. Тие се најпогодни за партнерство.