Војната која претседателот на Филипините Родриго Дутерте ја објави на нарко бизнисот, достигна чудовишни размери. Во првите 100 дена биле убиени 3700 луѓе, соопштува “Дејли Меил” .Во екот на конфликтот ексцентричниот претседател Дутерте ги протера американските воени единици од брегот на земјата, иако нивното присуство таму датира од пред 65 години. Тоа, според аналитичарите, може да се стави крај на долгогодишните сојузнички односи меѓу двете земји.

Филипински претседател, го добил прекарот Казнувачот по името на популарниот херој од цртаните филмови “The Punisher”, и трпи жестоки критики поради бруталната борба со дистрибутерите на дрога. Освен дека за помалку од три месеци во земјата беа убиени над 3700 лица, телата на голем дел од нив беа оставени по улиците на градовите за поука.
Војната со дрогата беше една од главните точки во предизборната програма на Дутерте. Сега набљудувачи проценуваат дека во првите 100 дена на неговото управување смрт наоѓале по 36 лица дневно. Претходно тој изјави дека најмалку 3,7 милиони филипинци се зависници од метамфетамин, познат на островите како “Шабуани”.
Егзекуциите се вршат главно од вооружени мажи на мотори, обучени полицајци или полулегални кривични единици. Во еден од случаите жртва паднал и 5-годишно девојче, загинато од куршумите откако вооружен “казнувач” отворил оган врз нејзиниот дедо, како и по татко и син, кои земалеШабуани.
Стравот да не бидат стрелани на улицата натераа многу дилери да се предадат на полицијата. Над 26 000 луѓе се уапсени за 100 дена, а десетици илјади се обратиле за помош до властите.
Ова, за возврат ги претвори затворите во земјата во неподносливи места. Во земјата тие се едвај 44 и во моментов пукаат по рабовите.