Кајла Гловер, која е огромна обожавателка на “Хари Потер” ја изрази својата љубов спрема карактерот на еден необичен начин. Таа ја трансформираше нејзината 4-месечна ќерка во волшебник, за една магична фотосесија. Нејзината слатка ќерка Лорелaј Грејс позира во котел, носејќи на себе “Хари Потер” очила и “Грифиндор” шал. Таа дури и држи волшебно стапче во раката, со зачуден израз на лицето, како тукушто да ѝ е кажано “ти си волшeбничка Лорелaј”.
29-годишната Кајла, која е фотограф, признава дека таа ја планирала оваа фотосесија уште пред да се роди ќерка ѝ.
“Јас сум огромен обожавател на “Хари Потер” и ја имав оваа визија за фотосесија во мојата глава веќе некое време. Знаев дека, без разлика дали имам машко или девојче, ќе ја искористам оваа тема и ќе ги направам овие фотографии. Мојата ќерка всушност има голем број карактеристики на “Хари Потер” со нејзините заробувачки очи и бушава косичка, па таа тоа го направи многу лесно” изјави таа.
Исто така, таа додаде дека фотографиите биле вистински хит на нејзиниот инстаграм профил.
“За жал, има многу лоши работи во светот што се случуваат околу нас. Јас се надевам дека мојата работа, дури и за краток момент, ќе може да инспирира или ќе насмее некого” продолжува мајката.
Кајла, која е мажена за Бредли, ја напуштила нејзината работа за да го следи нејзиниот сон за фотографија откако се родила нивната ќерка и таа има направено неколку фотосесии од Лорелај во различни костими.
Погледнете ја фотосесијата на малечката Лорелај во нашата галерија подолу!