Сексот по автомобилските седишта воопшто не е “новина” за никој возрасен, а пред неколку дена науката го докажа токму тоа. Кога научниците од Универзитетот на Јужна Дакота запрашале 195 мажи и 511 жени за нивните автомобилски искуства, одговорите беа повеќе од јасни.
61% од мажите кои учествувале во анкетата изјавиле дека се потпирале на менувачот и на замаглени стакла. Помалку, но повторно сериозен процент оди кај дамите – 59,9% од жените со насмевка споделиле со позитивен одговор за непослушните игри на задното седиште. Од сите испрашани 14% ја изгубиле невиноста во автомобил.
“Сексот и автомобилите одат рака под рака уште откако е произведен првиот автомобил”, изјави раководителот на истражувањето, психологот д-р Кинди Струкман-Џонсон, во соопштението од Универзитетот.
Уште интересни податоци откриени од тимот на д-р Џонсон:
56,9% од сексуалните акти во автомобили биле факт меѓу повремени партнери
63,4% од гениталните настапи во возилата биле на задното седиште
56% од сите се случиле во паркинзи надвор од населените места
4,3% од мажите биле терани на сила да имаат секс во кола.
“Податоците, вклучувајќи и лични приказни на учесниците во истражувањето, покажуваат дека што се однесува до потребата од секс, ние луѓето немаме проблем со непријатност, веројатноста од модринки по нозете или ризикот некој да нè открие кои се речиси сигурни кога половиот однос е на тесно во колата “, изјави д-р Кинди Струкман-Џонсон.