“Облеката не може да го промени светот. Жените кои ја носат, ќе го сторат тоа. “- Ана Кајл
Ако има нешто што може да нè инспирира секој ден и да ни помогне да го почнеме и завршиме денот со позитивен став, тоа се позитивните мисли. Не е важно кој ги кажал или напишал, тие се насекаде околу нас – во социјални мрежи, во книгите кои ги читаме.
Денес споделуваме неколку цитати, кои сигурно ќе ве инспирираат. Тие се за вас, за силните девојки кои веруваат дека се убави, вредни, дека неуспехот е нова можност, оние кои се насмевнуваат и покрај тешкотиите.
“Никогаш не се извинувајте за тоа што сте чувствителна или емоционална. Нека тоа да биде знак дека имате големо срце и не се плашете да го покажете на другите. Изразувањето на емоциите е знак на сила.”
“Јас сум од оној тип луѓе кои ќе седнат во бањата и ќе плачат, но потоа ќе излезат така, како ништо да не се случило.”
“Биди девојка со ум, жена со поглед и дама со класа.”

“Јас не сум она што ми се случува. Јас сум она што ќе одберам да бидам. ”
“Никогаш не дозволувајте некој да го затемни вашиот сјај.”
“Дозволено ти е да врескаш, дозволено ти е да плачеш, но не да се откажуваш.”
“Насмевнете се и нека сите знаат дека денес сте многу посилни, од кога и да било.”
“Ако некогаш наведнам глава, тоа ќе е само за да се восхитувам на чевлите.”
“Малите девојчиња со соништа стануваат жени со визија.”

“Вие сте посилни отколку што мислите.”
“Пред сè, бидете хероина во животот, а не жртва.”
“Карактер. Интелигенција. Сила. Стил. Тоа ја прави убавината. ”
“Сите имаме неостварен резерви од внатрешна сила, која се јавува кога животот ни става на тест.”
“Среќата не е цел, тоа е начин на живот.”
“Запрашајте се дали она што го правите денес ве приближува кон местото каде што би сакале да бидете утре.”
“Кога некој се чувствува среќен заради вашата среќа, тоа е љубов.”