Дубаи ќе ја има највисоката кула во светот

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Дубаи објави дека започнува изградбата на највисокиот облакодер, кој ќе го краси персискиот емират. 5107779Емирот на Дубаи Шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум го направи првиот чекор, а работници положија основи за зградата на пошироко тло.

Во 2020 година, кога во Дубаи ќе се одржи светск изложба, тоа ќе биде највисока зграда во светот, се вели во специјална порака по повод почетокот на изградбата.

Водечката градежна компанија во Дубаи Emaar Properties ги објави во април плановите за кулата, повисока за 828 метри Бурџ Калифа. Емаар посочи дека вредноста на објектот ќе биде 1 милијарда долари.

Проектот на кулата е на шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калатрава Валц.

Во горниот дел на зградата ќе има набљудувачки платформи, како и 18-20 ката со ресторани и хотели, прецизира претседателот на Емаар Мохамад Алабар.

Отворената во јануари 2010 година кула Бурџ Калифа, стана многу популарен туристички објект и обележје на Дубаи. Идната кула, чија структура ќе потсетува на минаре, ќе биде врзана со јаки јажиња.

Дубаи – големиот трговски центар во Блискиот Исток, е познат по многуте кули со архитектонска вредност, кои се оригинални и понекогаш футуристички. Во трката за највисока зграда, фирмата Kingdom Holding на саудискиот принц милијардер Ал Валид бин Талал започна во пристанишниот град Џеда во Саудиска Арабија изградба на облакодер, кој ќе се издига на километар височина.