Владимир Путин мајсторски ги претвори слабостите во предност. Додека руските и сириските сили се борат во Алепо, во најсериозната битка од петгодишната граѓанска војна, рускиот претседател очигледно се издигна како доминантен фактор на Блискиот Исток. Пред две години Русија во практика не присуствуваше во регионот, освен една морска база во Сирија. Денес нејзините воени авиони и проектили летаат над Сирија, Иран и Ирак.

Во последната година Путин, вмешувајќи ја Русија во сирискиот конфликт го зацврсти режимот на претседателот Башар ал Асад, кој веќе беше на работ. Рускиот лидер искова квази-военен сојуз со Иран и тоа му овозможи да ја шири својата сила и во Персискиот залив – нешто што Москва не беше го постигнала уште од Втората светска војна па наваму.
Што се однесува до Турција, со која Москва беше пред судир, откако Анкара собори руски авион минатата година, сега односите им се затоплија дотаму што Путин и турскиот претседател Реџеп Ердоган се подготвени да ги обноват целосно дипломатски односи. А цело време тој одржуваше блиска и продуктивна врска со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Како Путин успева да се движи толку успешно на Блискиот Исток и да кова врски со земји кои се непријателски една со друга? Зошто Русија пумпа во регионот сопствена агенда далеку поуспешно отколку САД?
Путин брзо се определува каков е интересот на земјата и во даден конфликт одвојува ресурси за него, а потоа одеднаш го менува курсот, кога ќе биде задоволен или целта се промени.
Од Исламската револуција во 1979 година во Иран, САД согласно со своите интереси во Персискиот залив е со сунитските монархии како Саудиска Арабија, Кувајт и Катар. Во замена во овие држави сериозно инвестираат во САД – ги купија американските долгови, инвестираа во недвижности и купуваа воена опрема вредна милијарди долари.
Арапските држави исто налеааја пари во Вашингтон, купувајќи влијание во коридорите на моќта, финансирањето на институти и се ангажира за односи со јавноста, кои се размножија наративно во земји кои им се витални за Америка на Блискиот Исток.
Односите меѓу Ријад и Вашингтон се особено топли, иако американското општество се сомнева во сојузништвото со држава, чии активности често се спротивни на националниот интерес.
Според овие земји се обврзани да го споделат гледиштето на САД за Блискиот Исток, односно да ги поддржат независно од конфликтите во кои влегуваат, и дали тие се против интересите на Вашингтон. Истите држави немаат такво влијание во Москва.
Иако Русија ја поддржува шиитската тврдина Иран и режимот на Асад во Сирија, арапските сунитски лидери продолжуваат да му се додворуваат на Путин и бараат можности за соработка. Саудиска Арабија, на пример, се обидува да координира со Москва стабилизација на нафтените пазари и сака Путин да го притисне Иран да се вклучи.
Партнерствата на Русија се базираат на ладен прагматизам. Единствената цел на Путин е да приложи интересот на Москва и нема стари сојузи кои ќе пречат на неговата стратегија. Тој го поддржува Дамаск, Техеран и шиитската власт во Ирак, бидејќи наоѓа сунитски екстремизам како долгорочна закана која ќе ги дестабилизира земјите на Блискиот Исток и ги загрозува земјите кои се наоѓаат во близина на Русија. Но координацијата со Иран не му пречи да работи со сунитските арапски држави во трговијата и атомската енергија.
Путин останува близок со Нетанјаху, иако работи со смртните непријатели на Израел – Сирија и Иран. Тој го убеди израелскиот премиер, дека овие сојузи нема да претставуваат закана за постоењето на земјата, а се дел од големата борба со сунитскиот екстремизам. Русија уште соработува со Израел во енергетиката, земјоделството и оружјето, освен тоа двете страни одржуваат блиски воени контакти.
Следува тоа со односот на Нетанјаху кон Обама и мешањето на САД внатрешна политика. Пред нуклеарниота договор со Иран Нетанјаху го искористи влијанието на лобистичка група AIPAC и други организации, за да се обиде да го поткопа авторитетот на в.д. претседател
и да го спречи најзначајното достигнување на надворешната политика.
Ако Израел или другиот сојузник на САД се обидат да го предизвикаат Путин на таков начин, тој едвај ќе ги награди со помош во износ од 38 милијарди долари за десет години, како Обама направи. Ниту ќе продолжи да ги снабдува со оружје и информации, како Вашингтон направи за Саудиска Арабија.
Иако САД се далеку голема сила и би требало да имаат поголемо влијание во политиките на помлади партнери како Саудиска Арабија и Израел, се случува спротивното: држави како овие често обидуваат да ги ограничат стратешки можности на Вашингтон, за да не бидат напуштени или за да им на служат сопствениот интерес. Засега Русија има цврст и опортунистички пристап кон регионот на Вашингтон и ќе биде тешко да се спротивстави, а влијанието на Москва ќе продолжи да расте.
Амир Ханджани е соработник на Truman National Security Project и член на одборот на Атлантскиот совет. Изразените мислења се лично негови.