САД сакаат да испратат луѓе на Марс по 2030 година и да обезбедат непречено враќање на земјата, изјави претседателот на САД Барак Обама за Си Ен Ен. Тој додава дека дефинитивно амбициите се еден ден луѓето да се во можност да останат подолго време на Црвената планета, прецизира БГНЕС.

“Стигнувањето до Марс бара продолжување на соработката меѓу владата и приватни инвеститори, и ние веќе одиме по овој пат. Во следните две години приватни компании за првпат ќе испратат астронаути на меѓународната вселенска станица “, изјави домаќинот на Белата куќа.