93
Втората телевизиска претседателска кандидатска дебата во САД меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп беше определена како една од најнервозните политички судири. Таа, сепак, даде прилики и за голем број на шеги и закачки, кои ги зафатија социјалните мрежи. Така на пример, во Facebook беше објавено видео монтирано така што да изгледа противниците да ја пеат песната “(I’ve Had) The Time of My Life”.
Таа е дел од саундтракот на филмот “Валкани танци” и во оригинал се изведува од страна на Бил Медли и Џенифер Ворнс.
https://youtu.be/jB2zoidUeLU