Откако го шокираше светот со своето барање за развод, актерката Анџелина Џоли одлучи да се исели од домот, во кој живееше со екс-сопругот Бред Пит. Драмата Бранџелина изгледа допрва почнува, а како што беше потврдено, потсетува на неодамнешниот развод на Џони Деп и Амбер Херд.
Дали Господин и госпоѓа Смит ќе се испоубијат или ќе ги соберат честичките на скршените срца, претстои да разбереме.
Информациите за преселбата на Анџелина во друга куќа ги пренесе Variety, а според податоците на весникот лејди Крофт плаќа кирија од 30 илјади долари месечно. Таа ќе живее во домот на 51-годишниот режисер на сагата “Х-мене”, Брајан Сингер.
Брајан ја продал куќата во 2007 година на актерката Денис Ричардс, која подоцна ја смести Џоли за скромната рента. Згора на тоа домот е изваден на пазарот и ако се најде кој да плати 7 милиони долари, Анџелина ќе треба да си бара нов дом до разводот со Бред Пит.
Луксузната куќа во која престојува Џоли, се наоѓа во Хиден Хилс, Калифорнија.
Во реонот живеат пејачката Мајли Сајрус, пејачката Џесика Симпсон, прекрасната Џенифер Лопез и многу други познати личности, меѓу кои и 19-годишната Кајли Џенер, полусестра нанеодамна ограбената Ким Кардашијан.
Со такви соседи тагата од разделбата би била полесна, а со оглед на тоа колку е возбудлив ентериерот на новото живеалиште, разводот изгледа ќе помине полесно.
Куќата на 45-годишната Денис Ричардс во која престојува Џоли, располага со 6 спални, 6 бањи, чудна дневна, дневна соба како од ноќен бар, огромна кујна, одлична трпезарија, винарски салон, салон за убавина, надворешна кујна со луксузно белведере и базен со вештачки водопад.
Домот е распореден на 760 квадратни метри површина и се придржува кон модерниот ентериерен стил, со елементи на кич.
Погледнете каде Анџелина Џоли живее во моментов во нашата галерија.