Терористичката групација Исламска држава (ИД) повеќе не ги повикува европски џихадисти на фронтовите во Сирија и Ирак, туку ги насочува да останат во државите во кои моментно се наоѓаат, изјави претставник на белгиското Федерално обвинителство.
Тој во интерву за белгиски медиуми додаде дека џихадистите ја менуваат својата тактика и бараат од нивните следбеници во Европа да чекаат и да спроведуваат задачи.
– Најчесто, оние кои потпаѓаат под влијание на џихадистите се лица, момчиња и девојки, на возраст од 16 и 17 години, изјави белгискиот обвинител.
Тој, како што јави БТА, соопшти дека засега нема сознанија за нова непосредна опасност од напади во Белгија, но нагласи дека секој нов следбеник на ИД претставува потенцијална опасност.
Белгиските тајни служби неодамна ги проширија своите надлежности, и сега особено обраќаат внимание и на жените на возраст од 20 до 30 години. Според податоците, опасноста најчесто доаѓа од женски лица од семејствата од каде што претходно се врбувани џихадисти, како и жени кои ја промениле верата и затоа чувстуваат потреба да ја докажат својата лојалност.
Првата жена џихадист во Европа беше белгиска државјанка, која го преминала во Ислам по брак со муслиман. Таа пред 11 години се разнесе во Багдад, при неуспешен обид за напад врз група американски војници