Телохранителот на Миранда Кер беше прободен во око додека се обидувал да спречи натрапник да влезе во нејзиниот дом во Малибу.

Човекот бил нападнат од натрапникот кој се обидувал да се прекачи преку оградата за да пристапи до имотот на моделот и нејзиниот 5-годишен син Флин.
Телохранителот го застрелал натрапникот 4 пати, вклучувајќи и еднаш во главата.

Во моментов и двајцата се на лекување во болница во Лос Анџелес.
“Надлежните власти одговорија на повик за испукани истрели во Малибу. Тие открија дека припадникот на обезбедувањето бил вклучен во физичка расправија со натрапник.
Телохранителот беше избоден на лицето и имаше помали повреди. Тој извадил пиштол и го застрелал натрапникот 3 до 4 пати во лице и тело.
Телохранителот и натрапникот немаат повреди опасни по живот” изјави портпаролот на полициската станица.

Сеуште не е потврдено дали имало некој во домот за време на инцидентот, а натрапникот ќе се соочи со обвиненија.