Поранешниот телохранител на Бред Пит откри дека отуѓената двојка стравувала дека нивните деца ќе бидат киднапирани за откуп.

Марк Билингам, одликуван поранешен војник на британската армија Волсал, помина речиси 18 месеци како шеф на обезбедувањето за славната поранешна двојка и нивните 6 деца.

Тој раскажа за макотрпните мерки кој морал да ги превземе за да се осигура дека тие се безбедни, како и бројни соочувања со демначи.
“Нивната најголема грижа беше дека ќе им ги киднапираат децата за пари” изјави Билингам за списанието “The Sun”.

Тој додаде дека парот бил исклучително фокусиран на заштита на нивните деца, но тие толку многу му верувале што тој емотивно се поврзал со нив и имал дозвола сам да ги однесе каде што ќе посака.

Исто така постојано ги мачело тоа кој физички ќе се приближи до нивните деца, до тој степен што не им верувале ни на безбедносните професионалци.

“Дури и кога сакав да донесам повеќе луѓе, Бред и Анџелина не дозволуваа да им се приближат на децата. Дополнителното обезбедување можеше да ги надгледува од одредена дистанца, но тие не смееја физички да да ги допрат” соопштува поранешниот телохранител.

Тој наводно поминувал толку многу заедничко време со децата што се чувствувал како да им е татко. Билингам, кој исто така има 6 деца, изјави дека на крај морал да се откаже од работата затоа што ‘ја загубил насоката во неговиот сопствен семеен живот’ поради бескрјаните часови поминати со славната фамилија.