Џастин Бибер сака да се шири во аристократски имот во Лондон

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Џастин Бибер можеби ќе започне да живее во исклучителен имот во Северен Лондон.da8698083ae7a6295bd254410a92f5f5

Имотот е со 15 соби и се изнајмува за 108 333 фунти месечно, или речиси 1,3 милиони годишно.

Бибер засега планира да го подели своето време во следните месеци меѓу домот во Лос Анџелес и Лондон, пишува Daily Mail. Според извори на весникот, тој едноставно се заљубил во месноста.

“Ова е еден од најлуксузните домови во главниот град и нуди најсовремени објекти, вклучувајќи затворен и отворен базен, спа центар, тениско игралиште, домашно кино и винарска визба”, откри Ари Ранд, партнер на водечката компанија за недвижности Knight Frank.

Исто така тоа е еден од ретките имоти, кои можат да ги привлечат богатите и познатите.

Куќата нуди целосна самостојност – нешто што е од суштинско значење за ѕвезда каква што е Џастин”, вели уште Ранд.

Домот е изграден во 1910 година. До 2006 година куќата била распадната руина и купена за 5 милиона фунти од локален магнат кој вложил милиони во обновувањето.

Луксузниот дом се протега на 24 000 квадратни метри. Само бањата е изработена од 12 видови италијански мермер. 6 години подоцна зградата излегува на пазарот во вредност од 100 милиони фунти, но на крајот во моментов неговата пазарна цена е околу 25 милиони.

Бибер веќе се пофалил дека му се допаднала куќата и десетици негови фанови се собраа пред црвениот имот, надевајќи се дека ќе го видат идолот.

За жал, се уште единствениот човек кој бил во близина, е градежникот Френсис Фермин, наведува весникот.

Видете ја убавата куќа во галеријата.