(ГАЛЕРИЈА) Боемска рапсодија во домот на екс-дизајнерот Емилио Пучи

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Британците и особено лондончаните се познати по својата совршена, вродена смисла за стил. Ова се открива и во декорациите на нивните домови, кои често е истовремено се елегантни, храбри, но и во склад со традицијата.cb6384e078a6a180b6dcd75eb7dea7b1

Токму тоа се гледа во домот на дизајнерот Метју Вилијамсон, кој претходно беше креативен директор на брендот Emilio Pucci.

Неговиот величествен дом го комбинира драматичниот ултраколоритен дизајн со чувството за вистински комфор.

Од неколку години Вилијамсон има сопствена линија на мебел и текстил со брендот СВ2 што ни сугерира зошто толку вешто ja создал внатрешноста на свој дом.

Внатрешноста во домот на дизајнерот е опишанa од страна на уредниците на списанието Livingetc како “боемска рапсодија”, но не хаотичен, туку е многу организиран.

Метју, кој е роден во Манчестер, вели дека го опремил својот стан во Лондон со работи кои сам ги дизајнирал што го смета за многу себично. Тој додава дека го купува станот пред три и пол години и го создава така што “сè ќе изгледа неуредно, но всушност сè е на местото.”

Тоа е комбинација на обична маса со претрупан кадифен тросед, венецијански огледала и турски свеќници со орнаменти, со позадини со геометриски отпечатоци и т.н.

Видете слики на уникатното живеалиште на дизајнерот во галеријата.