Братот на Барак Обама го поддржува Трамп

од Vladimir Zorba
66 прегледи

 

Полубратот на американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе присуствува на последните американски дебати за претседателските избори како гостин на кандидатот на републиканците Доналд Трамп, објавија денска американски медиуми.трамп

– Доналд Трамп ми се допаѓа, бидејќи зборува од срцето. Да се направи Америка повторно голема е одличен слоган. Би сакал да го видам, изјави Малик Обама за „Њујорк Пост“.

Малик Обама е роден во Кенија, но има американско државјанство. Уште во јули првпат рече дека ќе гласа за Трамп. За Трамп ќе гласал и делумно затоа што Хилари Клинтон е виновна, според него, за смртта на либискиот лидер Моамер Гадафи, кој му бил пријател.

Трамп преку Твитер му се заблагодари на Малик Обама за поддршката.