Црквата на Англија размислува да ги промени каноните, барајќи задолжителни служби во недела, поради исклучително нискиот број на луѓе кои одат во црква. Пораката на официјалната страница на цкрвата гласи дека нејзините лидери разговараат за планот да го укинуваат многовековниот какон за служби секоја недела.

Целта е црквата да се поедностави и ги модернизира каноните . Токму Канонот гласи: “утринска и вечерна молитва треба да се отслужи во сите цркви во неделите и на празници”. Правилото се базира на првото издание на канонот за Црквата на Англија, донесен во 1604 година во времето на кралот Џејмс I, пишува Индипендент.
Планираните промени доаѓаат во позадината на драстичниот пад на верниците, кои одат во црква на Островот. Иако 59% од населението се дефинира како христијанско, помалку од 2% ги посетуваат службите секоја недела. Минатата година неделните служби биле слушаниод 760 000 луѓе. Тоа е антирекорд по посетеност, бидејќи бројот на мирјаните паѓа под 1 милион за прв пат. Од црквата прецизираат дека новите правила не значат дека службите во епархиите се укинуваат, туку дека едноставно нема да има служби во секоја црква.