Организацијата е механизам за политичко влијание.

Самитот на БРИКС, одржан минатиот викенд во индиската држава Гоа, според мислењето на експерти, покажа дека обединувањето на петте земји продолжува да биде способна организација, и покрај сите контроверзи меѓу учесниците во неа.
Самитот на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), одржан во Гоа на 15 и 16 октомври, за жал не мина во историјата на ова се уште премногу младо обединување. Сепак таа покажа дека земјите-учеснички продолжуваат да бидат заинтересирани за овој формат.
Во пресрет на самитот во мас-медиумите се појавија публикации, кои предизвикаа сомневање за интегритетот и работо способноста на оваа организација.
Во нив се поставуваше акцент за проблемите на обединувањето и противречностите меѓу неговите членки. Истакнато беше дека новиот бразилски лидер не е толку топол поклоник на овој формат како неговата претходничка. Позициите на шефот на државата на Јужна Африка се доста ослабени дома, а Индија воопшто не прифаќа засилено влијание на Кина во БРИКС.
Покрај тоа, како што пишува весникот “Коммерсант”, членките на БРИКС имаат различни претстави за мисијата на клубот. Додека Москва и Пекинг се заинтересирани за претворање на БРИКС во влијателна структура во рамките на новиот мултиполарен свет – алтернатива на западниот центар на влијание, – Делхи, токму спротивното, се стреми кон соработка со САД и ја користи организацијата, за да постите пореални тактички цели.
Убеденост на Путин
Неслучајно на ова прашање за проблемите внатре во БРИКС прво беше разгледано од наведените и тоа го пососочи и рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по средбата во Гоа. Рускиот лидер прашањето го врза со желбата на “некои партнери” на Русија, и очигледно тој имаше предвид земји од Запад “, секогаш да наоѓаат проблеми, со што и да се занимаваме, што и да правиме”.
Само што според зборовите на Путин “проблеми секогаш има” и токму овој самит го убеди дека “БРИКС ги има сите шанси да се развива”. ”
[…] Овој состанок, искрено, ме израдува, бидејќи за прв пат се виде реална заинтересираност во развој на односите. И се појавуваат вистински насоки на интеракција “. Иако зборот” за прв пат “(сепак организацијата не се роди вчера), повеќе зборува во корист на оние кои се однесуваат скептично кон иднината на ова здружение. Оценката која како генерално Путин ја даде на самитот, не остава сомнеж дека во Кремљ го поврзуваат БРИКС со сериозни очекувања.
Длабоко економско обединување “нема да има”
Колку сепак се оправдани овие очекувања? Мислењата на експертите по тој повод се внимателно оптимистички. За прашањата поврзани со економијата, според зборовите на Александар Кнобел, шеф научно-истражувачката лабораторија за меѓународна трговија на Руската академија за народно стопанство и државна служба (РАНХиГС), “самитот сигурно не ги влоши изгледите пред обединувањето”. Од самиот почеток беше јасно нагласувано вели аналитичарот дека членките на БРИКС имаат тешкотии, но “колку што е можно, организацијата работи”.
При тоа, сепак е очигледно дека и покрај почетокот на Банката за развој на БРИКС, големите руско-индиски аранжмани поврзани со економијата, од самитот во Гоа не можат да се очекуваат во економскиот продор. Не може да се зборува за создавање на зона за слободна трговија, по примерот на Транстихоокеанското партнерство, длабоко интеграциските економски обединувања, зад кое стојат САД. Според мислењето на Кнобел економската димензија на активностите на БРИКС едвај ќе се здобијат со некаква нов квалитет во наредните неколку години.
БРИКС е механизам за политичко влијание
Во исто време, експертите истакнуваат дека економијата сепак не е главната движечка сила на овој проект.
“Ако БРИКС беше само економска организација, противречностите кои ги имаат меѓусебно нејзините членки, би можеле ефикасно да пропаднат”, изјави за “Руски дневник” Виктор Хејфец, шеф на магистерска програма за истражување на земјите од БРИКС во Санктпетербургскиот државен универзитет (СПбГУ ), истакнувајќи ја приоритетната улога на политиката при создавањето на овој клуб.
Според него, во случајот со БРИКС станува збор за појава на “петорка, најверојатно Голема петорка која ако не биде противтежа, тоа ќе биде дополнение на Големата седморка”.
БРИКС како алтернативен клуб од својата гледна точка, која не секогаш е еднаква, но по многу прашања е слична, “е потребен на земјите-учеснички, за да покажат дека играат важна улога во светската политика”, убеден е експертот.
Всушност реалното полнење на БРИКС со економски врски не е толку големо, организацијата политички зајакнува и земјите учеснички на различни други локации ја поддржуваат оваа теза и деканот на Факултетот за светска економија и светска политика во Високата школа за економија (ВШЭ) Сергеј Караганов.
БРИКС и позицијата на Москва
Потврда на важноста на оваа политичка поддршка, која може да влијае БРИКС, може да биде завршната декларација од самитот. Иако се однесува на примерот со Сирија, документот не ја одразува целосно позицијата на Москва, таа воопшто одговара на политиката на Русија, наведуваат аналитичарите.
Според зборовите на Хејфец за Русија се важни овие положби од декларацијата, во кои се наведува дека одлуките на светската арена треба да се земаат од Советот за безбедност на ОН; недозволиви се еднострани воени интервенции; а санкциите кои не се одобрени од ОН, заслужуваат осуда. Сето ова дава причина да се зборува дека “БРИКС побрзо е жив отколку мртов”. Научникот се потпира на една неодамнешна студија на канадски стручњаци, според кој процентот на извршување на одлуките донесени од организацијата, расте. Реализирани се над 80% од одлуките на претходниот самит во Уфа. “Земјите од БРИКС не само потпишуваат декларации и договори, но и почнуваат да ги извршуваат”, резимира експертот.
БРИКС и новиот систем на меѓународните односи
Главната улога во политичката содржина на БРИКС е во залогот и отпорноста и нејзиниот развој во иднина, уверени се руските аналитичари. Според нивното мислење појавата на организацијата е симптом за заморот на светската заедница од оној модел на меѓународните односи, кои беа изградени во 90-тите години по распадот на СССР со доминантно положба на Западот.
“БРИКС е еден од елементите на промената на овој систем кон соодветна, фер и најверојатно одржлив”, коментира Караганов. Експертот сепак не мисли дека во иднина обединувањето ќе станува некаков самостоен пол во светската политика – БРИКС останува платформа, со чија помош лидерите воа зародиш нови моќни земји ги усогласат своите позиции.