Мануел Валс стравува од распад на Унијата.

Постоечките кризи можат да доведат до распадот на Европската унија, призна францускиот премиер Мануел Валс во обраќање пред Националното собрание. “Денес може да констатираме дека Европската унија се покажа на крстопат, а така може да избере и погрешен пат и дури целосно да престане да постои во историјата на континентот”, истакна премиерот пред пратениците.
Мануел Валс истакна дека ова се случува како резултат на “терористичката закана, миграција криза, тензиите внатре во самата ЕУ меѓу старите земји на заедницата и земјите од Источна Европа, а исто така меѓу земјите од Северот и Југот”.
“Неопходно е да се даде моќен импулс на иницијативата за регулирање на кризите”, убеден е францускиот премиер, кој додаде дека во овој поглед веќе се прават некои сепак мали работи. / ТАСС