(ВИДЕО 18+)„Плејбој зајчица“ почина откако киропрактичар и „го скршил“ вратот

од Vladimir Zorba
148 прегледи

 

Популарната „Плејбој зајчица“, Кејти Меј почина на 34-годишна возраст по терапија кај киропрактичар, кој и ја повредил вратната артерија и и го прекинал дотокот на крв во мозокот.did

Кејти во февруари на едно снимање во Лос Анџелес го повреди вратот, но терапијата што и ја препорачал лекарот не и била од помош и болката не се смирувала, па на крај таа решила да побара помош од киропрактичар. Но, наместо помош, Кејти доби „смртрна пресуда“, пренесува „ТМЗ“.

Според извештајот од аутопсијата, неименованиот киропрктичар во текот на третманот и ја оштетил вертебралната артерија со што на младата жена и бил прекинат протокот на крв до мозокот и таа наскоро починала.

Нејзината смрт е окарактеризирана како „несреќен случај“, но не е познато дали на киропрактичарот, кој непрофесионално ја извршил својата работа, ќе му биде одземена дозволата за работа.1476948120-sn4

Кејти во нејзината кратка кариера се најде на насловните страни на „Плејбој“ и „Спортс Илустрејтед“, и ја носеше титула „кралица на Снепчат“

Убавицата остава 7-годишна ќеркичка Миа. Нејзината смрт се смета за инцидент и засега не е јасно дали нејзиното семејство ќе поднесе судски постапки.

Во меѓувреме платформата GoFundMe започна кампања за собирање средства ќерката на Кејти. “Семејството на Кејти планира да ги искористи сите собрани пари за образование, дневни трошоци за Миа и во помош на нејзиниот татко да се соочи со родителството”, се вели во информацијата за кампањата. Досега се собрани над 36 000 долари.

Атрактивните русокоса чии жешки слики се појавувале во “Плејбој” и “Спортс илустрејтид”, има огромен број фанови и речиси 2 милиони следбеници на Инстаграм.

Во последното порака во Инстаграм Кејти пишува: “Се надевам дека сите имаат прекрасен понеделникот. Денес тука е многу ветровито “. Соопштението е придружено со топла слика по капење од Лагуна Бич, Калифорнија.