Ако треба да бидеме објективни, нема подобар претставник за амбасадор на новогодишна колекција од изведувачката на “All I want for Christmas is you”.
Мараја Кери официјално ја објави својата ексклузивна новогодишна колекција шминки, создадена во соработката со козметичкиот гигант MAC во која сите производи го носат нејзиниот сјај.
Со брокат, злато и пеперутки, изведувачката и дава подарок на сите свои фанови за еден од најблескави и чекани празници во годината.
Во совршена хармонија со ликот на сјајна пејачка, колекцијата вклучува пудри, кармини, сенката за очи и сјај за усни во беж, кафеава и бронза.
Интересен е пристапот кон шишенцата и пакувањата на различните производи – четките и козметиката го добиваат својот завршен изглед со блескавите елементи по основата.
Сите производи можете да ги разгледате подетално во нашата галерија.