Последниот крик во опремувањето на кулинарското катче се стреми внатрешниот дизајн да биде концентриран врз реалните потреби на корисникот.
Лајт мотивот за 2017 година е функционалност, пишува италијанскиот интериор дизајн авторитет “Leonardo case & stili”.
Според изданието, во претстојната година нè очекува поле за готвење со големи работни површини, централизирани острови, а фиоките ќе бидат заменети со длабоки садови, кои даваат можност за полесно редење на садовите.
Кои се стиловите за следната година?
Кујните во 2017 година немаат категоричен стил. Водечки е современиот изглед на готварското катче, но тој сигурно ќе биде мешан со индустриски стил, винтиџ, класични интерпретации и по малку од “Направи си сам”. Провинцискиот стил изгледа ќе остане настрана.
Истражете ги новите кујнски трендови во нашата галерија.