Тој е контроверзен холивудски режисер чија историја на јавни испади, го подели мислењето на неговите фанови. Но, според актерката Тереза Палмер која се појавува во неговиот последен режисерски потфат “Hacksaw Ridge”, 60 годишниот Мел Гибсон воопште не е тежок кога станува збор за соработка.

“Јас имам работено со многу актери кои си ја вршат својата работа и за време на ручек тие обично си заминуваат во приколката и нивните асистенти им го носат ручекот или било што друго, но Мел седнуваше и јадеше заедно со целиот екипаж и го знаеше името на секого. Бевме екипа од преку 200 луѓе и тој постојано беше во интеракција со сите. Тој е најнормалниот човек што можете да си го замислите, и за мене тоа беше освежувачко. Тоа зборува за неговиот дух, тоа е навистина кул” изјави 30-годишната актерка во неодамнешно интервју.

Ова доаѓа откако Тереза го откри малку необичниот начин на кој таа ја добила водечката улога на Дороти Шуте во високо-очекуваниот филм.
“Јас навистина ја посакував оваа улога. Си ја снимив аудицијата со телефон, ја испратив и не слушнав ништо во врска со тоа наредните 3 месеци. На крајот излезе да имам ненадејна средба преку skype со Мел Гибсон и тој така ми кажа дека јас ќе бидам Дороти. Беше навистина посебно” додаде таа.

Филмот “Hacksaw Ridge” е базиран на вистинска приказна за Десмонд Дос, кој спасил 75 луѓе во јапонска префктура во Окинава за време на Втората светска војна, без воопшто да допре пиштол.