
Штотуку излегов од полициската станица Беко каде заедно со лицето кое ме нападна дадовме изјава. Од она што можам да кажам во кратки црти е дека сум добро, чувствувам некое зуење во главата, некое црвенило од ударите, рече за А1он новинарот на Телма, Павле Беловски.
– Додека ги извршувавме работните обврски заедно со снимателот ми пријде лице, се обиде вербално да ме испровоцира со политички квалификации, најверојатно го забележа возилото од Телма телевизија, со колегата го игнориравме, беше предупреден и од обезбедувањето на МВР и кога тргнав да се јавувам во живо дојде од зади и ме удри со тупаница во главата и започна со клоци, стравував дека има оружје во себе, но за среќа полицијата интервенираше, рече Беловски.
Целиот текст можете да го прочитате тука