Скарлет Јохансон отвора локал за гурмански пуканки

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Холивудската актерка Скарлет Јохансон открива установа за пуканки во гастрономскиот главен град на светот – Париз. Тоа сепак нема да ги нуди пуканките во вообичаениот нивниот изглед, туку во форма на егзотичните гурмански јадења кои самата Јохансон има намера да им ги послужи на своите клиенти. 5120872За АФП портпаролот на ѕвездата од “Изгубени во преводот” дури издаде дека за време на отворањето на локалот во саботата таа ќе им предложи на ентузијастите и пуканки со тартуфи, пармезан и жалфија.

А, ако и останатите слатки и солени предлози во менито се покажат посакувани Јохансон се надева дека ќе отвори локали и на друго место. Екстравагантната идеја е плод на имагинацијата не само на Јохансон, која е  обожавател на пуканките, но и на нејзиниот сопруг Роман Дурак.

За да се реализира сонот, двојката се обратила кон познатиот њујоршки шеф-готвач Вил Хоровитц кој помогнал за изготвување на екстраординерните рецепти. Сите тие ќе се подготвуваат на едно место, а меѓу нив, на пример, се пуканки со морска сол и маслиново масло, како и со јагоди и крем.

Тајмингот на ѕвездата не може да биде подобар. Во моментов во француската престолнина се забележува трендот кон промовирање на американската кујна и речиси 70% од рестораните вклучуваат елементи од неа во менито, покажува неодамнешна студија.