Нејзината неверојатна фигура и помогна да го постигне статусот на светски познат модел и да го освои срцето на Леонардо Дикаприо, но телото на Нина Агдал е резултат на многу напорна работа и решителност.

24 годишната убавица покажа како ги одржува нејзините стомачни мускули кога влезе во боксерскиот ринг за да го промовира новиот протеински шејк “Muscle Milk”. Нина изгледаше фантастично во црно бели спортски градник и хеланки, нејзината руса коса беше фатена на назад, а минималната шминка и ја изразуваше природната убавинa.

Нина тврди дека нејзината прекрасна фигура едноставно се должи на здрава исхрана и многу вежбање.

Данската убавица која учествуваше на фотосесии за “Victoria’s Secret”, се прослави со рекламата на “Carl’s Junior” во 2013та година, а 1 година потоа ја красеше насловната страница на списанието “Sports Illustrated”.

Нина во последните неколку месеци исто така се појавуваше на насловните страници заради нејзината врска со познатиот актер Лео Дикаприо, со кого започна да излегува во мај. Иако минатата година, таа имаше мала улога во филмот “Entourage”, таа инсистира дека се фокусира само на језината кариера како модел.