Актерот Бенедикт Камбербач ќе стане татко по втор пат

од desk2
176 прегледи

Сопругата на британскиот актер Бенедикт Камбербач, Софи, е бремена со второто дете. Филмската ѕвездата и театарската режисерка веќе го имаат 16-месечниот син Кристофер.

3992079600000578-3858048-side_by_side_benedict_cumberbatch_and_sophie_hunter_lit_up_the_r-a-45_1477029011642

Според сајтот “E! News”, 40-годишниот Камбербач и жена му ќе добијат уште еден наследник некаде околу втората годишнина од нивната свадба, која се одржа на 14 февруари минатата година. Двајцата се венчаа во приватна церемонија на живописниот англиски остров Вајт, само два месеци пред да се роди нивното прво дете.

Во изјавата за тоа како се чувствува како татко, ѕвездата од “The Imitation game” призна дека ja дава истата посветеност и љубов на детето, како што досега го правел тоа за работата.

39931fe700000578-3858048-image-m-48_1477035981778

Тој призна дека непроспиените ноќи покрај бебето не му пречат воопшто, бидејќи и без тоа е навикнат да станува во 4 часот наутро, за да тренира.

Актерот од серијата “Шерлок”, изјави: “Сега мојот главен приоритет во текот на денот е да си одам дома после работа, да си го видам семејството и да го искапам син ми.”