Таа се најде на насловните страници откако беше уапсена зато што учествуваше во протестот за нафтоводот во Дакота. Сега актерката Шејлин Вудли тврди дека таа е единствената причина што многу луѓе слушнаа за контроверзниот транспортен систем за нафта.

Таа беше една од 100-те протестанти кои се појавија на градилиштето во знак на протест, поради еколошки проблеми. Тие тврдат дека тоа ќе ја оскверни нивната земја и ќе и наштети на животната средина. Мајката на Шејлин го сними нејзиното апсење и го сподели на фејсбук.
Откако беше пуштена на слобода таа изјави:
“Потребно беше да уапсите бела жена како мене, во Северна Дакота, на земјиште на домородниот народ, за да се привлече вниманието на луѓето. Денот кога јас бев лишена од слобода, уште 26 други луѓе поминаа низ истото, и тие беа однесени во затвор. Слушнавте ли и за нив? Хранејќи се од возбуда што била уапсена една славна личност нема да го спаси светот. Но ако застанеме заедно ќе го спасиме. Јас бев таму и стоев рамо до рамо со домородните Американци. Знаете, луѓето што беа овде пред нас. Епа, погоди што, Америка? Тие се уште се овде. Тие се уште ја водат добрата борба. Борба што ни служи на сите нас. Ние се уште молчиме додека тие се посветени да не заштитат од планетарни последици кои ќе бидат катастрофални поради нашето незнаење. Ние дозволуваме нивните гласови да бидат проголтани. Зар ова не те растажува, Америка? Ние го носиме нивното наследство, нивните свети тотеми, како декорации и во модните трендови, не успевајќи да ја почитуваме нивната култура.”

Протестите започнаа откако федералниот судија го одби барањето на племето “The Standing Rock Sioux” за трајна забрана и блокирање на нафтоводот, проект што чини 3,7 билиони долари.