
Истражителот кој беше приведен во полициската станица Беко се враќа во просториита СЈО. Ова го изјави пред новинарите специјалната обвинителка Катица Јанева.
Станува збор истражител кој бил на задача за да обезбеди лице барано во одредена истрага.
– Видовме дека е неосновано приведен и задржан во полициска станица и дека не постои никакво пишан документ, рече Јанева.
Таа на новинарите им препорача да го браат командирот на полициската станица, кој треба даим даде детали зошто и како бил приведен нивниот истражител.
Тимот на СЈО во моментов се упати кон УБК каде предходно еден истражител беше избркан од просториите на управата./Teлма