ММДЧП настапи со образложение дека не постои решение за 25-годишниот вештачки создаден спор, во кој што едната страна одбива да ги признае името, идентитетот, етничката припадност и јазикот на другата страна, па активно и транспарентно, мора да се признае, се обидува да ги елиминира. ММДЧП изразија незадоволство поради тоа што Обединетите Нации продолжуваат да се забавуваат со идејата Македонија присилно да го смени своето име и што дозволува цели 25 години да трае бесрамниот напад врз суверенитетот на Македонија и врз најосновните човекови права како што е самоопределувањето на македонскиот народ. За прв пат во историјата, Обедитетите Нации дозволуваат една земја да определува име на друга земја. Понатаму, ММДЧП истакна дека Македонија и Македонците отсекогаш биле познати под тоа име, тие „не го избрале“ името, па не можат ниту да изберат да се откажат од него. И покрај тоа што се тврди спротивното, Грција е таа која што се обидува да го „присвои“ името Македонија, што е всушност јасно видливо и од 1998 година кога е променета политиката на негирање на постоењето на Македонија и барањето да се прифати како нивно име.
Дури и да се земат во предвид бесмислените аргументи на Грција во создавањето на бесмислениот „проблем“ со името, нивното тврдење дека името на Република Македонија „создава конфузија” со “провинцијата Македонија” е манипулативно, затоа што зборот „Република” укажува на државност, се вели во соопштението на ММДЧП.