Руски научници открија нацистичка воена база на Северниот Пол. Објектот е на островот Александар и е изграден во 1942 година, една година по стапнувањето на Адолф Хитлер во Русија.Таа служела за тактички метеоролошка станица и го носела името “Schatzgraeber” (ловец на богатства ). Нејзината активност е прекината откако научниците кои работат во неа, се затруле со месо на бела мечка во 1944 година, пишува “Индипендент”.

Базата е отворена повторно 72 години подоцна, а во неа се наоѓаат близу 500 предмети од времето на Втората светска војна, меѓу кои и добро сочувани документи. Поголем дел од наодите се во добра состојба најмногу благодарение на ниските температури.Островот Александар е игра важна улога за нацистичката армија во времето на војната, бидејќи временските извештаи што ќе се подготвувале таму биле од суштинско значење за распоредување на војници, бродови и подморници.

Според некои името на базата Schatzgraber наведнува на мислата дека таа може да имала тајна мисија, и поконкретно – пребарување на древни реликви.Долги години островот Александар е спорна територија, но во моментов е дел од Русија, при што се смета дека Москва сака да изгради на него свој воена база.

