Облаците може да се причина за исчезнатите бродови и авиони.

Мистеријата за познатиот Бермудски триаголник може веќе да е одгатната. Новата теорија претпоставува дека облаците може да се причина за многуте исчезнувања во текот на стотици години на толку многу бродови и авиони во западниот дел на северниот Атлантик.
Облаците во облик на хексагон се нарекувани “воздушни бомби”. Тие можат да достигнат брзина од 270 километри на час, а големината е 30 до 75 километри во дијаметар. Оваа стихија може да крене бранови со висина над 15 метри. Таквата сила може да ги крене различните објекти кои се наоѓаат на специфични локации во реонот меѓу Бермуди, Мајами, Флорида и Сан Хуан, Порторико.
Метеоролози ја разгледуваа оваа можност во последната епизода на шоуто What on Earth?
“Обично не гледаме остри рабови на облаци, во повеќето случаи облаците се заоблени”, вели д-р Стив Милнер од универзитетот Колорадо. Тие (воздушните бомби) се формирани од она што го нарекуваме микрогасови. Гасот во воздухот како воздушната струја доаѓа од дното на облакот, удирајќи во океанот создава бранови, кои можат да се огромни и да започнат меѓусебна интеракција, додава д-р Ренди Цервени од Универзитетот Аризона.
Бродови и авиони исчезнуваат во Бермудскиот триаголник од почетокот на 17 век, тврди историјата. Последниот случај е од минатата година, кога американскиот товарен брод Ел Фаро исчезна со 28 патници за време на ураганот Хоакин.