[ВИДЕО-РЕЦЕПТ] Салата со киноа

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Со одминување на летото и доаѓањето на есента дефинитивно треба да се обрне повеќе внимание на внесот на витамини и минерали.51c02dfb33b65406a246d01805b4b0d8

Кога станува збор за здрава исхрана, неспорно е редно да го одбележиме и присуството на зеленчукот во форма на салата.

Комбинацијата со така познатите суперхрани ги претвора не само во корисни, но и во многу заситувачки.

Денес ќе ви претставиме еден специјален рецепт за салата со киноа, а за неа ќе ви бидат потребни:

1/3 ч.ч. папуда (ситен грав)

вода

3 ч. л. Маслиново масло

сол

црн пипер

½ ч.ч. киноа

1 ч.ч. црвена леќа

½ главица кромид

1 домат

1 краставица

1 црвена пиперка

60 г свеж коријандер/магдонос

вода

Како да си ја приготвите салатата – видете во нашето видео: